Ехинацеа - Echinacea purpurea
Ехинацеата го зајакнува имунолошкиот систем на природен начин спречувајќи ги бактериските и вирусните инфекции. Делотворна е при лекување на преладување, грип, намален имунитет, а го јакне организмот при зголемен физички и психички напори.

Земја на потекло каде што ја има некултивирано е Америка. Индијанците ја користеле како билка за лекување на сите видови болести, а најделотворна била при лекувањето од змиско каснување. Култивирано се одгледува на сегде во светот како украсно растение. При плантажно одгледување од неа може да се добие извесни количини на светол мед со карактеристичен мирис. Растението дава и одредени количини на поленов прав, а пчелите ги посетуваат цветовите во текот на целиот ден. Растението се размножува од семе, а полниот раст го достигнува третата година. Не е пробирлива на квалитетот на земјата но бара поголема количина на вода. Цвета во период од месец Мај па се до крајот на Август.
Активните својства на Ехинацеата научно се докажани при крајот на 19 векблагодарејќи на лекар кој долго време престојувал кај америчките индијанци. Од тогаш оваа чудна билка е во центарот на вниманието во фармацевската индустрија.
Со бројни испитувања докажано е дека свеж екстракт од оваа билка и нејзиниор корен ги зајакнуваат белите крвни зрнца при што се спречува појава на болести или се скратува нејзиното времетраење. Ехинацеата содржи многу активни состојки групирани во:
- Етерични масла (кај еден вид ехинацеа која е добиена инвитро научниците издвоиле етерично улје кое ги уништува клетките на туморот).
- Глукозид составен од два вида шекери кои дејствуваат како антибиотик против разни болести.
- Полацетилени кои ги уништуваат бактериите и габите;
- Инулин и витамин С.
Ехинацеата иако не е доволно испитана како медоносна билка, сепак пожелно е секој пчелар да ја има во својата збирка на медоносни растенија засадена на некој дел од пчеларникот. Чајот направен од цветот на оваа билка засладен со мед и збогатен со сок од лимон ја спречува појавата на грип, додека веројатноста да се прехладите оваа билка ја намалува до 60 посто.

Ехинацеата се користи при лекување на Херпес, Грип, Воспаление на синусите, Бронхитис, Намален имунитет, побрзо закрепнување после тешки болести и сл. при користење на оваа билка нема несакани појави.
Денес во фармацевската индустрија оваа билка може да се сретне кај повеќе од 800 производи. Од неа се користи цветот, стеблото и коренот.

Copyright © 2010. Designed by MediaMarketing