Јапонски троскот - Fallopia japonica, Polygonum cuspidatum, Reynoutria japonica е големи повеќегодишни растенија, по потекло од источна Азија, Јапонија, Кина и Кореа. Во Северна Америка и Европа одгледувањето на сите видови на јапонски троскот е многу успешно, а билките се класифицирани како инвазивни видови. Еден од видовите на оваа билка има шупливо стебло кое може да достигне висина до 3-4 метри. Кореновиот систем во форма на ризом се расширува до 7 метри од надземниот дел а во длабочина може да израсне и 3 метри поради што практично е неуништливо растение. Поради наведениот коренов систем, а и поради тоа што надземните делови растат густо и многу брзо останатите автохтони растенија за кратко време биваат надвладеани. Листовите се широки со овална форма, цвета во август и септември, а цветовите бели или кремасти поставени како соцветие долго од 6 до 15 сантиметри во време на цветање со својата опојна миризба ги привлекуваат пчелите. А бидејќи цвета во беспашен период медот добиен од оваа билка и те како е значаен за одгледување на поголем број зимски пчели. Медот добиен од ова растение има карактеристичен вкус со пријатен мирис и светла жолта боја. Во Азија и САД медот од Јапонскиот троскот е доста ценет и се нарекува „Бамбус мед“.
Јапонскиот троскот се размножува многу лесно користејќи ризоми од кореновиот систем. Но на местата каде што ќе се насели се нарушува останатиот биодиверзитет.

Copyright © 2010. Designed by MediaMarketing