Додавање и замена на матици

Автор: Josip Križ
Председател на ПД „Липа“, Загреб
Подготвил: Марјанчо Дончев

Додавањето и замената на матицата во пчелната заедница представува сложена и одговорна работа. Во пчеларската пракса денес постојат повеќе од 50 начини или методи и технологии на додавање и замена на матицата кои меѓусебно си противречат. Како се појавуваат нови методи и како истите се шират? Кога пчеларот успешно ќе ја додаде или замени матицата, тој смета дека открил успешно правило. Уверен дека открил ,,нов метод,, тој ова свое правило почнува да го шири меѓу пчеларите уверувајќи ги дека само на тој начин успешно може да се додаде матица. Меѓутоа следниот пат овој метод ни на него не му успева. Во што е проблемот? Ако правилото на пчелната заедница го прикажеме со јазикот на човекот тоа би гласело: Во нашата заедница постои една матица, секоја друга е туѓа и опасна за нашата, до колку се појави друга мора веднаш да се склупчи и да се угуши.“ Дали ова правило важело секогаш? Во минатото кога се формирала социјалната заедница на пчелите во неа егзистирале повеќе оплодени женки кои истовремено полагале одреден број на јајца, ги негувале ларвите, собирале нектар, оделе по полен. Некои од овие матици полагале поголем број на јајца поради што пчелите им давале поголема доза на матичен млеч.

Во долгиот еволуциски процес органите за репродукција не се развивале подеднакво кај сите матици. Кај некои видови органите на репродукција кај матицата се развиле толку многу така што една матица можела да ги задоволи потребите за целото друштво. Тоа е периодот од кога во една заедница не може да се трпат две матици. Ако во пчелната заедница, во кафез или во било кој затворен простор се најдат две матици, тие истиот момент ќе стапат во меѓусебна борба која секогаш завршува со смрт на едната од нив. Тешко е да се опише оваа борба. Меѓутоа во текот на еволуцијата природата пронашла неколку чудни решенија. Прво требало да се најде решение во поглед на конструкцијата на боцката. Кога пчелата ќе боцне, таа не моше да го извади жалото. На тој начин загинува пчелата која е боцната и таа што боцнала. Матицата има боцка која нема запци и кога таа ќе боцне може да ја извади боцката и повторно да боцне, а на тој начин загинуваа само онаа што е боцната.

продолжува >>

Copyright © 2010. Designed by MediaMarketing