Второ, морало да се осигура да во борбата секогаш загине постарата. Старата матица тешко се витка, а покрај тоа и отровната течност е погуста и потешко излегува преку капиларите на жалото. Токму поради тоа младата матица секогаш е во предност и скоро секогаш таа победува во дуелите. Меѓутоа има случаи кога две или повеќе матици паралелно живеат и работат во една пчелна заедница. До колку се спојат две матици постари од две години кои во текот на пролетта и летото не можат физички да си нанесат повреда поради што живеат заедно но во текот на зимото појаката ќе ги изгризе крилата на послабата и на тој начин ќе ја елеминира. Во тихата замена скоро секогаш се случува две матици извесен период да живеат заедно полагајќи јајца и двета. Тоа е можно само во еден случај, ако старата матица ги избегнува средбите со младата матица. Младата матица не разликува роднински врски, таа исто се однесува кон мајка си или сестра си или пак некоја матица со која нема роднинска врска. До колку младата матица се најде во близина на некој затворен матичњак таа веднаш преоѓа во напад гризајќи го или боцкајќи ја ларвата со боцката. До колку се сретнат две матици во било кој простор тие веднаш почнуваат меѓусебна борба во која секогаш едната бива убиена, а пчелите во таа борба не се мешаат. Во одредени случаи пчелите го чуваат матичњакот и матицата не може да дојде до него и да го прогризе. Кон отворените матичњаци до 6 дена старост матицата не се однесува агресивно и ги занемарува исто како да не постојат.

Зошто пчелите тешко прифаќаат друга матица?

Тоа прашање сеуште чека конкретен одговор. Меѓутоа одговорот и не е толку сложен. Секоја матица е опкружена со одреден број пчели кои непрекинато се менуваат. Тие ја хранат и негуваат матицата а со тоа вршат размена на биохемиските информации. Пчелите кои ја опкружуваат матицата човекот ги нарекол матична свита. Жлездите на матицата создаваат поголем број биохемиски соединенија-феромони. Најактивен е феромонот произведен од виличните жлезди на матицата, а тоа е ,,транс-9-кето-2-деценска киселина. Со овој феромон матиците ја потврдуваат присутноста, со него се утврдува припадноста на пчелната заедница, се спречува развој на јајници кај пчелите, се спречува градење на матичњаци и сл. Пчелите кои ја хранат матицата и се во непосредна нејзина близина преку феромонот пренесуваат пораки и на тој начин ја одржуваат биолошката целина на пчелната заедница, а ги поттикнуваат пчелите на работна активност. Но пренесувањето на феромонот не е само преку пчелите што ја опкружуваат. матицата постојано е во движење и се што ќе допре бива обележано со феромон.

Од напред изнесеното произлегува заклучок дека агресивното и непријателско однесување на пчелите спрема матицата што сакаме да ја додадеме е како резултат на распаѓањето на феромонската врска меѓу пчелите и старата матица. Пчелите познаваат само еден начин на воспоставување на феромонска врска а тоа е преку градење на матичњак. Фактот дека матичњакот, посебно стариот матичњак, емитува ист феромон зборува дека биохемиската врска се воспоставува многу брзо. Токму поради овој природен пат на воспоставување на природна феромонска врска пчелите се агресивни према другата матица и не сакаат да ја прифатат. За пчелите да ја прифатат другата матица потребно е да се користат сите напред наведени сознанија и правилно да се користат во сите случаи и начини на замена на матицата во пчелната заедница.

<< претходно продолжува >>

Copyright © 2010. Designed by MediaMarketing