Кога да се замени матицата?

Квалитетот на матицата го отценуваме според бројот и начинот на полагање на јајцата. Добрата и млада матица полагаат јајца без да ги прескокнуваат келиите, ја шират површината занесена со јајца од средината кон краевите на рамката правејќи некој вид на круг, а јајцата се снесени во центарот на келијата секогаш наведнати не една страна. Кога леглото е поклопено кај добрата матица тоа преставува компактна површина.

Покрај останатите фактори бројот на положени јајца зависи и од староста на матицата. Иако матицата може да живее четири, пет па и повеќе години таа е способна за несење на поголем број на јајца само во првите две години од својот живот. Во понатамошниот тек на животот кај матицата се намалува интензитетот на создавање на женски јајце клетки поради што нагло се намалува репродуктивната способност. Кај матиците постари од две години се намалува интензитетот на работа на семените кеси, поради што матицата полага поголем број неоплодени јајца во работнички келии од кои се излежуваат ситни трутови. Одавно е докажано дека пчелната заедница со едногодишна матица под исти услови дава повеќе мед од пчелната заедница со стара матица, на есен подолго подобро и повеќе одгледува легло, ретко под исти услови се рои, а таквата пчелна заедница е поотпорна и на инфекција од разни болести вклучувајќи ја и вароата. Поради наведеното матицата требе да се менува секоја втора година. На тој начин ја зголемуваме продуктивноста заоколу 20%, го намалуваме роењето за 50%, ја намалуваме заразеноста со вароа за 20%, а ноземозата за 10%. Благодарејќи на поголемиот број на млади зимски пчели, бројот на загинати и заболени пчелни семејства во текот на зимата значително се намалува. Што се однесува на периодт на промена на матиците, формирање на нови семејства (нуклеуси) мора да се прилагодат потребите и можностите за осигурување на квалитетни матици. Најдобро е оваа активност да се заврши во втората половина на мај, а вториот термин не би требало да биде после втората половина на јуни бидејќи во тој период настапуваат летните жештини и беспашниот период. Бидејќи замената на матиците е стручна, сложена и скапа работа која пред се на пчелното друштво му помага повече од прехранувањето или селењето, садолжително мора да се внимава на квалитетот на новата матица добиена од проверено друштво или одгледувач на матици. Замената не смее да се препушти на случајност (освен во исклучителни случаи) туку плански и најодговорна работа во пчеларникот. При изведувањето на оваа работа мора да се спојат стручноста, одговорноста и знаењето на пчеларот. Од успешноста на оваа работа ќе зависи понатамошниот развој и успешност на пчелната заедница. Замената и додавањето на матица во пчелната заедница не се темели на теоретска предпоставка или случаен успех туку напротив самиот процес се заснива на практични постапки на додавање поголем број на матици. До колку пчеларот се придржува на опишаното не постои можност пчелите да ла уклупчат новата матица или пак да ја оштетат истата. Ако се придршаваме на наведеното ќе спасиме многу матици од сигурна смрт, а со тоа и цената на додадената матица ќе биде знатно поевтина, а користа уште поголема.

<< претходно продолжува >>

Copyright © 2010. Designed by MediaMarketing