Замена на матицата со затворен матичњак

Ако пчелната заедница се напоѓа во 2 или 3 ЛР наставка, најгорниот наставак едноставно ќе го преградиме со поклопна или снелгерова даска или уште поедноставно на наставакот ќе издупчиме дупка со размер од 20 мм. На овој начин сме добиле преградена кошница со лето на спротивната страна. По опло-дувањето дупката можеме и да ја затвориме но нема потреба од тоа бидејќи има најмалку 5 причини истата да остане отворена. Вопреградениот дел не смее да има пролаз за пчелите. Во средината ќе ставиме една рамка со затворено легло и една со отворено. Истите ќе ги бележиме. Потоа и од двете страни ќе ставиме рамки со мед и со полен добро запоседнати од пчели. Следните неколку дена старите пчели ќе излетаат од новото лето а ќе се вратат на старото со тоа во преградениот дел ќе останат само плади пчели. Истиот ден кога сме направиле ваква поделба пчелите ќе извлечат присилни матичњаци но на кој се ти потребни поради тоа ќе ги отстраниме. Шестиот ден во преградениот дел помеѓу рамките со пило ќе ставиме матичњак чија старост е од 9-10 дена. Пред тоа мора да пазиме на следното: матичњакот мора да биде со солжина од најмалку 2 см, матичњакот не смее да се свртува наопаку, исто така не смеете да го чувате во просторија во која температурата е под 28 степени, потоа матичњакот не смеете да го ставате во кафез од жица туку вградете го на место каде пред тоа имало изградено присилен матичњак или едноставно вградете го помеѓу двете рамки со пило. Ако матичњакот го ставите во било каков кафез пчелите нема да го греат доволно бидејќи тие го греат само ако имаат додир со него. Познато е дека температурата во пчелната заедница не е секогаш 34,5С поради што постои опасност ако е во кафез од измрзнување.

Матицата ќе се изведе за 1-2 дена и таа на изглед ќе биде сосем нормална но измрзнатите матици ќе се оплодат и ќе почнат да несат јајца, а за околу еден месец со тиха смена ќе бидат заменети. Помеѓу 5 и 7 ден поголемиот дел од матиците ќе се оплодат и ќе почнат да несат јајца. По 12 дена од ставањето на матичњакот ќе направиме преглед и откако ќе се увериме дека со новата матица е се во ред ќе ги отвориме долните наставци и по пронаоѓањето на старата матица истата ќе ја отстраниме, по што едноставно ќе ја отстраниме поклопната даска. До колку не ја отстраниме старата матица во друштвото и двете матици ќе функционираат заедно се додека не се сретнат по што скоро секогаш младата матица ќе ја убие старата. По спојувањето можно е пчелите сами да го променат летото или пак да го преселиме друштвото на друга локација и едноставно да го затвориме. Но може и да го оставите секако нема да им смета односно до колку на пчелите не им е потребно едното лето тие ќе го затворат со прополис.

<< претходно продолжува >>

Copyright © 2010. Designed by MediaMarketing