Замена на матиците со слични биолошки вредности

Под слични биолошки вредности подразбираме две матици со приблишно иста старост и големина односно тежина. Ваква промена на матиците се прави со цел подобрување на квалитетот, поради оштетеност или недоволно оплоденост на матицата. Во пчелната заедница во која е потребно да се замени матицата најпрвин ја пронаоѓаме матицата и заедно со рамката ја вадиме од кошницата и ја наслонуваме на кошницата од надвор. Од нуклеус или оплодњак ја наоѓаме саканата матица исто така ја вадиме заедно со рамката и ја допираме со веке извадената рамка. Со стапче постепено новата матица ја тераме да се префрли на рамката со стара матица. Со нејзиното поминување на рамката имаме две матици кои требе да останат така 1-2 минути а при тоа пазиме да не се стпаат. После тоа матицата што сакаме да ја замениме ја туркаме со стапче од рамката и откако ќе је истуркаме ја фаќаме. Рамката со новата матица уште извесно време ја држиме надвор од кошницата а потоа ја враќаме во кошницата на истото место.

Замена на матицата со млада оплодена матица

Во пракса ова е најчест случај на замена на матици во пчелните заедници. Ваква замена пчеларот мора да ја прави барем секоја втора година. За успешно додавање на матиците потребно е во секоја кошница да има рамка во која е вградено матичен кафез. Оваа рамка е иста како и сите други рамки на тој тип кошници. рамката се разликува едниствено во ширината на носачот кој е со ширина од 25 мм На средината на сатоношата е врежан жлеб со следните димензии 100X20X15 мм, а тоа е делот во кој се става шекерна погача. На средината на матичниот кафез е продупчема дупка од 12 мм а на другата страна дупка од 2 мм. Горната страна на кафезот има вратичка која служи за ставање на храна и чистење. Рамката во кој е сместен кафезот е иста како и другите, таа се ужичува, се става восочна основа, секогаш е во кошницата и се користи како и другите рамки. Рамката со матичен кафез за додавање и замена на матицитие и тоа оплодени се употребува на следниот начин:
- На кафезот се отвара вратичката и во хранилката се става шекерна погача, по што се затвара вратичката.
- Во кошницата ја пронаоѓаме матицата, ја фаќаме и преку дупката од 12 мм ја ставаме во кафезот, а отворот го затвараме со сотна основа 20х20 мм. Внимавајте на основата не смее да има дупка.
- После 2 саати рамката со кафезот од кошницата ја вадиме заедно со пчелите, ја отстрануваме сотната основа и преку дупката ја вадиме матицата но внимавајте морате да ја фатите пред таа да дојде во додир со пчелите. Најдобро е за оваа прилика да се користи стаклено луле или друг кафез, но ќе повторам матицата не смее да дојде во додир со пчелите на рамката. Матицата се отстранува на место каде што пчелите не можат да ја најдат ни жива ни мртва.
- Преку отворот од 12 мм во кафезот ја ставаме саканата оплодена матица.отворот повторно се затвара со сотна основа но овој пат во центарот се дупчи дупка со пречник 1,5-2 мм. После тоа рамката со матичниот кафез ја ставаме во средината на плодиштето. При тоа мора да се внимава рамката со кафезот од другата рамка да биде оддалечена 12 мм.
- После 10-12 часа со претпазливо подигање на рамката проверуваме дали матицата е примена и ослободена. Ако пчелите ја прошириле дупката на кафезот, матицата е примена без разлика дали е во кафезот или е ослободена. Ако пчелите од било која причина не сакаат да ја прифатат матицата тие ќе ја затворат дупката со восок. Во тој случај со чачкалица повторно ќе направиме дупка на средината од сотната основа, а по 24 часа ке направиме контрола. Ако и овој пат дупката е затворена, ќе мораме да извршиме детален преглед со цел да ги пронајдеме и срушиме веќе занесените матичњаци. По што после 24 повторно правиме контрола.
Овој начин се заснива на феромонската врска со старата матица кој осигурува 98% на успешност. Рамката со кафезот секогаш останува во друштвото. Со неа се осигурува успешно додавање и замена на матиците. Но рамката мора да биде во кошницата најмалку 15 дена пред да отпочне процесот на замена. Кафезот мора да биде отворен за пчелите да можат да излегуваат и влегуваат во него. Внимавајте една рамка не можете да ја користите во повеќе друштва, односно секо друштво мора да има своја рамка со кафез за замена на матици.

Замена на старата оплодена матица со млада неоплодена

Постапката, замена на стара матица со неоплодена можеме успешно да ја направиме само ако со сигурност најмалку 10 дена пред тоа ќе знаеме дека ќе имаме неоплодеа матица. Технолошки оваа постапка е слична со начинот на додавање на матичњак, а тоа е опишно на почетокот на текстот. Разликата е само што матичњакот се додава 6-7 дена а неоплодената матица можеме да ја додадеме 9-10 ден. Можеме да користиме метод на замена со брзо додавање на неоплодена матица, па дури и старата матица да била присутна до последниот ден, а со тоа да има легло од сите старости. Меѓутоа, потребно е да се знае дека каков успех се очекува. Ако неоплодена матица додадеме 1 ден не очекува успех од 15%, третиот ден ќе биде 25%, шестиот 60%, осмиот 80%, а десетиот ден со 100% успех. Десетиот ден неоплодена матица можеме да пуштиме и преку летото, пчелите ќе ја прифатат бес проблем а таа истиот денќе ги сруши сите матичњаци, отворени или затворени. Ако сакаме неоплодената матица да ја додадеме жто порано најпрвин мора да се присетиме во кој период пчелите најлесно ја прифаќаат матицата. Ако имаме можност мора да ги научиме сите услови кои допринесуваат за успешно прифаќање на матиците. Во тој случај успехот ќе ни биде поголем. Агресивниот однос на пчелите према младата матица е од сезонски, временски, пашни и биолошки карактер. Что се однесува до сезонскиот услов најголем успех се постигнува на пролет а посебно во првата половина на мај. Тоа е период на интензивен развој на пчелната заедница. Сосем поинаку се однесува пчелната заедница во поглед на прифаќање на маттица, при крајот на мај и почетокот на јуни. Во тој период голем дел од пчелните заедници се во роев нагон. Во таквите пчелни заедници е зголемен бројот на анатомските пчели-трутофки. Токму тие пчели-трутовки се однесуваат агресивно кон младата матица. Не е редок случајот при третирање, врцање па и преглед на пчелната заедница да дојде до вознемирување и стрес на матицата. oПчелите-трутовки ја користа оваа ситуација и најчесто ја боцнуваат матицата(не ја угушуваат или склупчуваат) што не е својствено за пчелите. Од ова може да се заклучи како ќе помине младата матица ако ја додадеме набрзина на некоја рамка со пчели. нешто подобри резултати може да се очекуваат во другата половина на јуни кога почнуваат интензивно да медат голем број билки. Ако имаме медење бес проблем после 14 часот може да извршиме успешна замена на старата матица со млада неоплодена.

<< претходно продолжува >>

Copyright © 2010. Designed by MediaMarketing