ПРОПОЛИСНА КРЕМА
Подготвил: Марјанчо Дончев

Состав:
- Вазелин (vaselinum album) 80%;
- Ланолин ( adeps lanae) 10%;
- Прополис 10%;
Прополисот требе да се сомеле во млин за кафе, а потоа да се пресее со ситно сито. Во одреден пластичен сад сите состојки се соединуваат, односно најпрвин се става еден дел вазелин па еден дел ланолин и на крај прополис па потоа повторно вазелин... постапката се повторува се додека не се потрошат сите состојки. На бормашина наместете мешач од миксер и сите состојки добро измешајте ги се додека не се добие компактна маса.
За една доза од 5 кг потребно е: 4 кг вазелин, 500 г. ланолин и 500 г. прополис.
Прополисната крема е идеален мелем за кожни заболувања, отворени рани, акни, габични заболувања, хемороиди...

Copyright © 2010. Designed by MediaMarketing