Мала помош на роевите

Како на секо бебе така и на ројот, природен или вештачки, во почетокот е потребно да му се даде макар и најмала помош, помош за да може сам за себе да се грижи, да се развие во нормална пчелна заедница и да возврати со приноси. Во август пред се помошта се состои во поставување на хигиенски поилки збогатени со сол, а за правилен развој во тој период и со стимулативно потхранивање со течна храна збогатена со мед и природни адитиви. Начинот на правење на сируп е познт на сите пчелари, а како природни адитиви се користат чаеви од мајкина душица, маточина, тимјан, жалфија и сл. Пчеларите во поново време пластичната хранилка ја сметаат како дел од кошницата но се уште има кошници во кои хранилката е дел од збегот и е направена од дрво. Но во ваквите хранилки дрвото впило дел од сирупот и со тек на времето се развиле разни габички кои предизвикуваат поедини болести кај пчелите. За да се избегне наведеното доволно е само да земете парче алуминиумска фолија која се користи во кујните. Од фолијата обликувајте сад кој ќе го сместите во дрвената хранилка.

Друго на што требе да се обрати внимение е ориентацијата. пчеларите најчесто ги фарбаат кошниците во разни бои но поради се потоплите лета а и поради тоа што повеќето бои имаат спектар на нијанси препорачуваме кошниците најчесто да бидат офарбани со бела боја бидејќи белата боја секогаш е бела и таа нема нијанси, а општо е познато дека таа најмалку ги апсорбира сончевите зраци. Од друга страна униформноста во боите може да доведе до налет на пчелите, а младата матица да ја промаши кошницата и да влезе во друга кошница. Според препораката на Англискиот пчеларски институт потребно е да се постават ознаки со пречник од 10 сантиметри, а ознаките да бидат плави со жолта рамка или жолти со плава рамка. Жолтата и плавата боја се најуочливи за пчелите, а нашиот предлог можете да го видите на сликата објавена подолу.

Во понатамошната фаза на развој на ројот задолжително е третман против Вароата со органски или хемиски препарати, а во овој период потребнио е во сирупот да се додаде и некој од дозволените лекови за лекување на Ноземозата. Ние како составен дел на развојот на ројот ви препорачуваме во сирупот да го користите препаратот познат како Кас 81. Со користење на овој препарат се добива двоен ефект, намалување на вароата и зголемено несенје на јајца од страна на матицата.

Copyright © 2010. Designed by MediaMarketing