Сусерка, Метла (Marrubium peregrinum)

Родот Marrubium има околу 40 видови, а карактеристично за сите е што успеваат на суви подрачја. Marrubium peregrinum е повеќегодишна билка која расте во форма на жбун. Надземниот дел наесен се суши а напролет потерува повторно. На местата каде се населила ја има во огромен број. Коренот е вретенест со должина и до 1 метар. Бојата на жбунот е карактеристично сиво зелена. Цветовите се мали во форма на чашка соберени во соцветие. Цвета во Јули и Август. До колку во време на цветање има природна влажност на почвата и воздухот пчелите ја посетуваат во текот на целиот ден собирајќи неколку килограми квалитетен црвенишкав мед со карактеристичен мирис и вкус, а ако нема врнежи пчелите ја посетуваат само во утринските часови собирајќи незначителни количини на нектар. Медет спаѓа во групата на медови на кои пчелите зимуваат одлично.
На подрачјето на Виница ја има многу, како коровска билка распространета е по околните ридови и по напуштените ниви. Лесно се размножува од корен или од семе.

Copyright © 2010. Designed by MediaMarketing